28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдговорно однесување во сообраќајот за празниците!Полицијата ќе биде максимално присутна на терен

Одговорно однесување во сообраќајот за празниците!Полицијата ќе биде максимално присутна на терен

skopi

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до граѓаните одговорно да учествуваат во сообраќајот за време на претстојните новогодишни и божикни празници.

„За време на празниците има голема фреквенција на сообраќајот и голем дел од возачите возат под дејство на алкохол. Затоа бројот на несреќи е многу повисок во однос на другиот период од годината. Сметаме дека со внимание несреќите можат да се спречат и затоа апелираме возачите да не возат под дејство на алкохол“, рече портпаролот на РСБСП Тоше Јанев на денешната прес­конференција.

Тој посочи дека полицијата ќе биде максимално присутна на терен и компетентно ќе го спроведува законот.

Стојче Стаменковски, член на РСБСП, нагласи дека поголемата контрола во сообраќајот и неколкуте кампањи за зголемување на свесноста за сообраќајот придонесоа да се намали бројот на сообраќајни несреќи и да се подобри употребата на појасот во сообраќајот.

Особено е видливо, како што кажа, подобрувањето на користење на сигурносен појас во Скопје, Струга, Кичево и Кочани.

Тој специјално апелираше до младите лица да не управуваат возила под дејство на алкохол, да користат сигурносни појаси, да возат со прилагодена брзина и да не користат мобилен телефон за време на управување со возилото за време на празниците.

Во 2013 година 60 млади лица ги загубија своите животи во сообраќајни несреќи, а само лани во октомври, ноември и во декември загинаа 22 млади лица во сообраќајки.

„Бројот на загинати би бил многу помал доколку не возеле под дејство на алкохол, користеле сигурносни појаси и возилото го управувале со соодветна брзина и без користење мобилен телефон“, рече Стаменковски.

Тој истакна дека годинава како резултат на кампањите за подигање на свеста и на зголемените сообраќајни контроли за 30 отсто е намален бројот на загинати во сообраќајни несреќи и додаде дека во октомври, ноември и декември годинава во сообраќајки загинале шест млади лица за разлика од лани кога во овој период животот го загубиле 22 млади лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП