23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраинците незадоволни со квалитетот на животот

Украинците незадоволни со квалитетот на животот

imageukraine59885jihb

Новото истражување покажа дека повеќето Украинци сметаат дека животниот стандард им се влошил во последната деценија.

Граѓаните во анкетата на агенцијата „Gallup“ од САД дадоа оценка 4,3 за квалитетот на животот на скалата до 10, што е најниската врeдност во последната деценија. Минатата година просечната оценка била 4,8.

Околу 66 проценти од анкетираните на западот од Украина изјавиле дека економската ситуација во земјата се влошува, во споредба со 55 проценти од минатата година.

Повеќето граѓани на југоисточниот дел од Украина, околу 80 проценти, изјавиле дека економијата ослабела за 20 проценти на годишно ниво.

Експертите од „Gallup“  утврдија дека важни фактори за перцепцијата за квалитетот на животот се актуелните конфликти на југоисточниот дел од Украина, девизниот курс и стапката на невработеност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП