20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндонезија во следните три години ќе има годишен раст на БДП од...

Индонезија во следните три години ќе има годишен раст на БДП од седум отсто

dzakarta1-540x320

Претседателот на Индонезија Јоко Видодо најави дека во следниве три години економијата на Индонезија ќе има годишен пораст од седум отсто.

Тоа значи дека по две години оваа 250 милионска држава ќе остварува приходи од над илјада милијарди долари, бидејки годинешниов БДП ќе биде над 800 милијарди.

Првите коментари на најавите за ваков економски раст аналитичарите ги оценија како многу реалистични, а многумина потсетија дека во четиригодишната кариера на Видодо како гувернер на Џакарта тој секогаш давал економски прогнози кои постојано биле надминувани.

Во последниве десет години економскиот пораст на Индонезија се движеше меѓу 4,5 и 6,5 посто. Ваквиот развој не беше доволен да се надмине сиромаштијата,а исто така не обезбедуваше доволно нови работни места за над три милиони нови млади луѓе кои доаѓаа на возраст во која се бара работа.

До 2018 година во Индонезија треба да бидат завршени големите инфраструктурни проекти и ќе се изградат енергетски капацитети со моќност од над 50.000 мегавати. Тоа ќе е основа за натамошен економски пораст на државата која сеуште има огромни минерални и рудни  резерви и веќе солидна индустриска база.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП