Купувачите во шведскиот моден ланец „ H&M“ од февруари во продавниците на оваа модна куќа ќе може да донесат стари работи од текстил. Што оваа компанија ќе прави со нив?
Купувачите за старата облека ќе добиваат купон за попсут на новите работи. Оваа акција се спроведува во целиот свет, а во Германија моментално се вклучени околу 80 филијали.
Секоја година тони текстил се фрлаат во ѓубре и завршуваат во депониите. Меѓутоа и до 95 проценти од облеката може повторно да се носи или рециклира, велат во „H&M“.
„Ние на нашите клиенти сакаме да им понудиме едноставен начин да се ослободат од својата стара гардероба. На подолг рок имаме визија да од старото повторно направиме ново“, вели портпаролката на „H&M“.
Таа објаснува дека собраната облека прво ќе биде складирана во филијалите, а потоа партнерските фирми ќе ги собираат и ќе ги носат на сортирање, според различни критериуми. Облеката која се уште може да се носи ќе се продава како половна гардероба. Текстилот кој не е повеќе за носење ќе биде претворен во крпи за чистење или ќе се користи во производство на материјали за изолација.
Приходите би се акмумулирале за социјални проекти и истражувањата на тема-рециклирање.
„Долгорочно, нашата цел е да се постигне еден затворен круг, од производство до рециклирање“, истакуваат од „H&M“.
Критичарите истакнуваат дека акцијата не е настаната поради грижата за животната средина. Затоа што купувачите ќе бидат охрабрени да дојдат и заграден попуст од 15 проценти да купат нешто ново.
„За тон стара облека може да се заработи околу 250 евра. Поради тоа, покрај компанијата во таа работа се вклучени и голем број на општини кои добро профитираат“, објаснува Дитер Шиц од германскиот Црвен Крст.
Само во Германија годишно се собираат околу еден милион тони стара облека. Тоа значи дека во континерите лежат околу 250 милиони евра!