29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАРаботохолиците не се добри работници?

Работохолиците не се добри работници?

Dreaming away

Иако за себе сакаат да мислат како за големи работници, најновото истражување покажува дека работохолиците всушност не се продуктивни работници, а и често се разболуваат.

Работохоличарството на некој начин е знак дека личноста не се грижи доволно за себеси, а оној кој се занемарува себе и своето здравје, тешко дека може да биде квалитетен и продуктивен работник. Работохоличарството, покажуваат резултатите на најновото истражување, може да биде многу штетно и најчесто не доведува до успешни деловни резултати.

„Живееме во општество кое промовира работохоличарство. Се доживува како тешка работа која треба да се вреднува и која и користи на секоја компанија. Но нашите резултати покажуваат дека таквите луѓе не постигнуваат некои посебно добри резултати. Она што е уште поважо е фактот дека работохоличарството ја уништува личноста, таа е под стрес, склона на конфликти, иманарушено психичко здравје, а често тоа се одразува и на физичкото здравје“, истакна Малиса Кларк, лидер на истражувањето чии резултати се објавени во магазинот „Journal of Management“.

Експертите откриле дека не постои никаква поврзаност меѓу работохолиците и зголемената ефикасност и подобрата заработувачка. Наместо тоа, воочена е поврзаност со перфекционизмот, особина на личноста која може да предизвика бројни проблеми. Посветеноста на работата, велат експертите, е добра и позитивна работа, но работохоличарството воопшто не е корисно и луѓето треба конечно да го сфатат тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП