17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБанкротираше Spyker

Банкротираше Spyker

spyker-b6-venator-grille

Изгледа дека вработените во холандскиот производител на спортски автомобили, компанијата „Spyker“, нема да ги добијат бонусите кои раководството на оваа компанија им ги вети на средината на септември.

Имено, обидот на компанијата да собере дополнителни средства, не успеа и токму затоа и „Spyker“ банкротираше. Можеби банкротот воопшто не и беше на ум на екипата од „Spyker“, но поинаку мислеше холандскиот суд кој го прогласи.

Обидот за собирање на пари за реструктуирање, се чини, дека на „Spyker“ му донесе контраефект, бидејќи таа постапка не е можно да се спроведе без овластено лице кое ќе го именува судот, а бидејќи „Spyker“ не успеа да собере пари кои би овозможиле спроведување на тие реформи, таа личност заедно со надлежниот суд прогласи банкрот за „Spyker“.

Следната работа која би можела да му се случи на „Spyker“ е продажба на неговиот имот што на раководството на оваа компанија воопшто не му се допаѓа. Тие се потрудија да ја застанат компанијата на нозе што е можно побрзо, како што тоа го правеа и во претходните неколку наврати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП