10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБродот на Тито оди под концесија

Бродот на Тито оди под концесија

ded

Локалните власти на хрватскиот град Риека објавија тендер за давање под концесија на бродот „Галеб“, кој е познат како брод на претседателот на поранешна СФРЈ, Јосип Броз Тито.

Како што јави ХИНА, цената на концесијата за „Галеб“, кој е прогласен за „заштитена културна сопственост на Република Хрватска“, ќе изнесува 10,3 милиони евра за период од 30 години.

Со тендерот се предвидува концесионерот во бродот да отвори музеј со површина од 507 метри квадратни, како и рекреативен објект, хостел, ресторан, конгресен центар и бар.

Крајниот рок за поднесување на понуди на тендерот е 24 март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП