26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСобранието на Србија го усвои буџетот за 2015

Собранието на Србија го усвои буџетот за 2015

Untitled

Пратениците на српското Собрание го усвоија утрово по 20­часовна расправа буџетот за 2015 година со кој планираа приходи од 924,4 милијарди динари, а расходи 1.082 милијарди динари, како и ребалансот на буџетот за оваа година, јави Танјуг.

Во расходите на буџетот првпат се вклучени државни гаранции, кои претходно беа „под цртата“, со кои вкупниот недостиг во буџетот ќе биде 191,4 милијарди динари, што е околу четири отсто БДП.

Буџетот за наредната година е проектиран врз основа на прогнозата дека во 2015 година падот на БДП ќе биде 0,5 отсто, а инфлацијата ќе изнесува четири отсто, со отстапување плус или минус 1,5 отсто.

Со буџетот е предвидено и задолжување од 706,6 милијарди динари за потребите на финансирање на буџетскиот дефицит, набавка на финансиски имот и отплата на главнината на кредиторите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП