17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОчајни работници пеш бегаат од БиХ

Очајни работници пеш бегаат од БиХ

bih

Работници од неколку претпријатија во реонот на Тузла денеска пеш се упатија кон местото Орашје на босанско-хрватската граница, со цел „засекогаш да ја напуштат Босна и Херцеговина“.

Стотината работници се упатија кон Орашје во колона, придружувани од поголем број полицајци.

Првично утрово, кон Хрватска замина само работници од фабриката за чевли „Аида“ од Тузла, а потоа ним им се придружија и вработени од фабриките „Дита“, „Коњух“ и „Ливницата за челик“.

Тие наведуваат дека се решиле на ваков потег затоа што „во БиХ нивните апели за помош не наидуваат на одговор“ и поради тоа „спас од гладта ќе бараат во земјите од ЕУ“.

Работниците со месеци протестираат на улиците на Тузла барајќи формирање на властите во Тузланскиот Кантон, кои би им исплатиле еднократна помош од 400 конвертибилни марки (200 евра), како и регулирање на нивниот стаж и покренување на производството во фабриките чија приватизација пропадна.

– Одиме кон Орашје. Не знаеме што не чека кога ќе стигнеме таму. Наша цел е да дојдеме до таму, изјави претпладнево потпретседателот на Синдикатот на работниците од „Аида“, Хасан Ужичанин.

Работниците порачаа дека ако бидат вратени од границата „ќе ги нападнат имотите на оние кои се на власт“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП