19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНови проблеми за Porsche

Нови проблеми за Porsche

prob porse

Германскиот производител објави дека ќе повлече 205 примероци од топ моделот „918 Spyder“, поради замена на неисправните конструктивни делови. Ова е веќе втор отповик за моделот кој се произведува во ограничена серија и чија основна верзија чини околу 770.000 eвра.

„Porsche“ неодамна се пофали дека ги продаде сите 918 примероци од својот најскап модел, но задоволството поради овој разултат е намалено со најавата дека скоро четвртина од возилата ќе бидат повикани за да се заменат спорните делови.

Проблемот е откриен за време на интерна проверка на квалитетот во „Porsche“, a досега не пристигнала никаква поплака од сопствениците на автомобилите. Замената на деловите ќе се изврши на почетокот на 2015-та во овластените сервиси на компанијата.

„Porsche“ претходно во септември повлече 45 примероци од моделот „918 Spyder“ поради можен сериски дефект на задната осовина, а проблематичниот дел на овие автомобили во меѓувреме беше заменет.

Во почетокот на годината „Porsche“ имаше сериозни проблеми и со моделот „911 GT3, кога компанијата поради два пожари на возила и серискиот дефект беше принудена да ги замени моторите на 785-те веќе произведени и испорачани автомобили.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП