3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГодинава успешна за рударството, дивата експлоатација се уште проблем

Годинава успешна за рударството, дивата експлоатација се уште проблем

Sasa-Rudnik55

Рударскиот сектор во Македонија успешно ќе ја заврши годинава. Проценките се дека идната, 2015­та, ќе биде тешка, но активностите ќе продолжат со истото темпо. Како што беше речено денеска во Стопанската комора, исполнети се и сите предуслови за отворање ново претпријатие кое ќе преработува метали.

Компаниите членки на Македонската асоцијација на рударството (МАР) очекуваат поенергични мерки од надлежните против дивата експлоатација на минералните суровини која, нагласија, создава нелојална конкуренција и продуцира значителни количини неконтролиран, лош квалитет на градежните материјали. Апелираат и на потребата од донесување нов закон за минерални суровини со кој јасно ќе се разграничат поимите геологија и рударство, односно ќе се дефинира што се истражувања на минерални суровини, а што експлоатација на руди.

МАР воедно бара Министерството за економија да не го реализира најавеното зголемување на концесии за експлатација на минералните суровини зашто рударските претпријатија, беше посочено, се среќаваат со доволно проблеми и давачки, а се бележи и пад на цената на металите.

Според прогнозите, цените на металите нема да се зголемат и идната година, но и ако останат на сегашното ниво, рударството ќе има проблеми, посочија неговите претставници.

И покрај кризата во Европа, рударскиот сектор деловната 2014 година ја завршува успешно.

Ако се погледне статистиката, во првите 10 месеци има извесен пад на уделот на рударството за околу два отсто, но до крајот на годината очекуваме да се достигне планираното ниво, изјави претседателот на МАР и директор на „Бучим“ Николајчо Николов пред почетокот на седницата на Асоцијацијата.

Ако се оди според планот, додаде, новиот производител на бакар ќе биде рудникот во Казан Дол. ­ Многу тешко е да се отвори рударски комплекс. Тоа е врзано со многу пари, вложувања, средства за истражување. Сепак, направени се сите подготвки, исполнети се сите предуслови. Останува на инвеститорот, дали и колку е тој подготвен, напомена Николов.

И „Саса“ ја завршува успешно 2014 година, со целосно остварување на планираното и со заокружување на инвестицискиот циклус од 18 милиони евра во подготовка на јамски објекти и опрема за нов ривир што е пуштен во употреба.

Сторивме се за да му овозможиме на рудникот постоење и во наредните 20 години со истиот капацитет под услов во 2015 година да добиеме проширена концесија за експлоатација. Тоа се впрочем и нашите очекувања, рече Максим Прохоров од „Саса“.

Негов став е дека цените на металите се засега на добро ниво и дека нема да има пореметувања кои евентуално би ги стопирале планираните активности.

Рударството учествува со 12 отсто во индустриското производство. Последните десетина години активно се развива, а од 2005­та многу рударски комлекси се обновени и работат успешно. Отворени се и мноу рударски претпријатија. Денес во секторот работат преку 300 фирми од кои околу 160 се директно во рударството. Изминатите 4­5 години се доделени над 400 нови концесии за детални геолошки истражувања кои треба да овозможат отворање нови претпријатија.

Претседателот на МАР Николов смета дека е добра одлуката за плаќање данок на добивка веднаш по пресметката. Тоа е, рече, во интерес и на државата и на претпријатијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП