19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајдобрите автомобили произведени во Италија (фото)

Најдобрите автомобили произведени во Италија (фото)

it koli nas

„Lamborghini“, „Ferrari“, „Maserati“ – ова се дел од легендарните автомобили кои се произведуваат во Италија.

Погледнете го рејтингот на 10-те најпознати модели, произведени во Италија:

10. „Alfa Romeo 155“

it koli nova

Компактниот автомобил се произведува во Италија од 1992-ра до 1998-ма година.

9. „Lamborghini Gallardo“

it koli 9

Спортскиот автомобил се произведува од 2003-та до 2013-та година. Тој има 5-литарски V10 мотор. Втората генерација од него беше претставена на саемот во Женева од 2007-ма година. Од 2014-та година почнува да се произведува моделот „Huracan“.

8. „Ferrari 458 Italia“

it koli 8

Претставен е во 2009-та година на саемот во Франкфурт. Има 4.5-литарски V8 мотор. Забрзува до 100 км/час за 3.3 секунди и има максимална брзина од 325 км/час.

7. „Lamborghini Diablo“

it koli 7

Се произведува од 1990-та до 2001-ва година. Прикажан е за прв пат во јануари 1990-та година. Има 5.7-литарски V12 мотор со моќност од 491 „коњски сили“.

6. „Ferrari California“

it koli 6

Оригиналниот модел има 4.3-литарски V8 мотор. Своето деби го има на Саемот во Париз во 2008-ма година. Моделот „2010 Ferrari California“ забрзува до 100 км/час за помалку од 4 секунди и има максимална брзина од 310 км/час.

5. „Maserati GranTurismo“

it koli 5

Автомобилот беше претставен во 2007-ма година како купе, а во наредните години се појави и кабриолет модел. Во 2007-ма година првиот модел од серијата беше прикажан на саемот во Женева и имаше 4.3-литарски V8 мотор.

4. „Maserati MC12“

it koli 4

Овој автомобил се произведуваше во ограничен број меѓу 2004-та и 2005-та година, а од него се направени само 62 парчиња. Има V12 мотор и максимална брзина од 330 км/час.

3. „Alfa Romeo 159“

it koli 3

Компактниот модел се произведуваше меѓу 2005-та и 2011-та година. Дебитираше на саемот во Женева во 2005-та година. Моделот „159“ има 3,2-литарски V6 JTS Q4 мотор, забрзува до 100 км/час за малку под 7 секунди, а максималната брзина е 151 км/час.

2. „Lamborghini Murcielago LP640“

it koli 2

Овој модел беше претставен во март 2006-та година на Саемот во Женева.

1. „Ferrari F430 Spyder“

it koli 1

Тоа е кабриолет верзијата на оригиналниот модел купе. Дизајнот е на „Pininfarina“, а своето деби го имаше на саемот во Женева.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП