24 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТајланд очекува враќање на странските туристи

Тајланд очекува враќање на странските туристи

bangkokT-540x320-tajland

Тајланд, кој од годишна посета на околу 20 милиони странски туристи годишно остваруваше приходи од околу 60 милијарди долари, годинава ќе има опаѓање на вкупниот број странски посетители и на приходите од околу осум проценти во споредба со минатата година.

Во десеттемесеци годинава бројот на странски посетители од 19,7 милиони, е за околу седум отсто помал во споредба со истиот период минатата година.

Воениот удар од мај годинава и сеуште недоволно опоравените економии во Јапонија, САД и ЕУ овдешната туристичка индустрија ги смета за главни причини за опаѓање на прометот.

Плановите за идната година се Тајланд да го поврати имиџот на светска топ туристичка дестинација.

Според плановите на тајландското министерство за туризам, идната година во Тајланд ќе престојуваат најмалку 25 милиони странски туристи, а во 2.016 година бројката ќе биде над 29 милиони.

Големиот пораст на бројот на странските турист најмногу се базира на огромниот интерес на кинески граѓани за користење на одморот во Тајланд, а за оваа категорија од клиентелата, позната и како големи потрошувачи, министерството за туризам и хотелиерите подготвуваат посебни програми. Оптимизмот го потхранува и минатонеделниот договор меѓу Кина и Тајланд според кој јуанот е конвертибилна валута во Тајланд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП