1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија не губи време – купува злато

Русија не губи време – купува злато

zlato pracki

Резервите на злато на Русија во ноември оваа година се зголемиле на 1.187,5 тони, од 1.168,7 тoни во октомври и го достигнаа максималното ниво за последните две децении.

Тоа го објави Блумберг повикувајќи се на податоци од меѓународниот монетарен фонд.

Русија купува злато осми месец по ред, поттикната од падот на цената на тој метал. Цената на унца злато од почетокот на годината се намали за 1,9 проценти, на 1,181 долар, откако во 2013 година падна за 28 проценти, поради растот на доларот и намалувањето на побарувачката на берзанските пазари.

Според податоците на ММФ, од 2005 година Русија ги зголемила резервите на злато за три пати, на максималното ниво од 1993 година. Притоа, како што покажуваат податоците на Светскиот совет за злато, уделот на Русија во вкупниот обем на меѓународните резерви на овој скапоцен метал изнесува 10 проценти.

Русија го зголеми купувањето на злато поради растот на интересот на централните банки на многу земји за овој метал. Така, податоците на светскиот совет за злато укажуваат на раст на златните резерви на многу земји од крајот на 1980 година, а обемот на светското купување на овој скапоцен метал оваа година може да достигне од 400 до 500 тони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП