ПочетнаЕКОНОМИЈАПроизводителите бараат пласман за компирот од Малешевијата

Производителите бараат пласман за компирот од Малешевијата

kompir otkup2

Во Малешевијата над десет илјади тони квалитетен компир од годинашнава реколта останаа во визбите на производителите.

Земјоделците од општините Берово и Пехчево се сомневаат дека слабиот интерес за откуп на нивното производство е поради увоз на компир од странство.

„Годинава произведов околу 35 тони компир, немам каде да го пласирам, за цена и не прашувам, но откуп нема“, вели Кире Свињарски еден од најголемите производители на компир во село Владимирово.

Свињарски смета дека од целокупното производство на компир во Малешевијата од над десет илјади тони, досега на домашните пазари се продадени одвај 3­5 отсто.

Бранко Ужовски од откупниот центар „Макадам„ вели дека годинава немаат склучени договори за откуп на компирот од Малешевијата, не поради цената или квалитетот, туку поради слабата побарувачка на пазарот.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП