25 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на БДП на Шпанија од 1,4 проценти во 2014 година

Раст на БДП на Шпанија од 1,4 проценти во 2014 година

T

Економијата на Шпанија оваа година би требало да оствари раст од 1,4 проценти, според вчера објавената прогноза на Централната банка на Шпанија.

„До крајот на оваа година, бруто домашниот производ (БДП) ќе порасне за 1,4 проценти во споредба со 2013 година“, се наведува во месечниот извештај на централната банка, во кој се додава дека БДП во последниот квартал од оваа година би требало да порасне за 0,6 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

За оваа година, Владата во Мадрид прогнозираше раст од 1,3 проценти, по негативниот економски раст од 1,2 проценти во 2013 година.

„По излезот од рецесија, домашната побарувачка во Шпанија сега придонесува за закрепнувањето, и покрај слабата надворешна побарувачка во останатите членки на еврозоната“, наведува Централната банка и прогнозира дека закрепнувањето на економскиот раст на Шпанија ќе продолжи и во 2015 година, со раст од два проценти.

Невработеноста во Шпанија, како што потсетува француската агенција, и понатака е исклучително висока, односно околу 24 проценти, но Централната банка очекува раст на вработувањата во наредната година, особено во секторот за производство и градежната индустрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП