15 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на буџетскиот дефицит на Португалија

Пад на буџетскиот дефицит на Португалија

portugal669863

Буџетскиот дефицит на Португалија во првите девет месеци од оваа година е намален на 4,9 проценти од бруто домашниот производ (БДП), што е пад од 5,7 проценти во однос на истиот период минатата година.

Брисел вчера го предупреди Лисабон поради опуштањето во поглед на намалувањето на јавниот дефицит откако Португалија во мај оваа година излезе од програмата за меѓународна помош, пренесува агенцијата АФП.

Португалската влада предвиде намалување на дефицитот за 2014 година на 4,8 проценти од БДП, што е помалку за четири проценти од она што го предвидуваа португалските финансиски кредитори.

Актуелната португалска влада на речиси една година пред закажаните парламентарни избори започна да покажува знаци на замор од мерките за штедење, што е големо разочарување за меѓународните кредитори, наведува агенцијата.

Подобрувањето во поглед на буџетскиот дефицит забележано меѓу јануари и септември е резултат на растот на даноците од 3,3 проценти додека во истиот период буџетските расходи се зголемени за 1,6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП