1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМожно намалување на кредитниот рејтинг на Русија

Можно намалување на кредитниот рејтинг на Русија

standard-and-poor_0

Агенцијата за кредитен рејтинг „Standard & Poor’s – S&P“ нaјви вчера дека би можела да го намали кредитниот рејтинг на Русија, која сега има кредитен рејтинг „BBB-“, поради слабеењето на рубљата и влошувањето на економската состојба.

Американската агенција за кредитен рејтин воочува брзо влошување на курсот на рубљата и последици од економското слабеење на нејзиниот финансиски систем.

Агенцијата напоменува дека постои можност за намалување од два степени во наредните три месеци, така што ќе ги разгледа сите неопходни елементи на средината на јануари, пренесува АФП.

Доколку кредитниот рејтинг биде намален за еден степен, тогаш тој би паднал на „BB+“, што Русија ќе ја класифицира во категоријата шпекулативно или потполно неизвесно за инвеститорите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП