1 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈавниот долг на Франција 95,2% од БДП

Јавниот долг на Франција 95,2% од БДП

francijakrizafrance

Јавниот долг на Франција порасна за 7,8 милијарди евра во третиот квартал оваа година и на крајот на септември изнесуваше 2.031,5 милијарди евра.

Тоа е 95,2 проценти од бруто домашниот производ (БДП), соопшти францускиот Завод за статистика.

Државниот долг се намали за 4,8 милијарди евра во истиот квартал и сега изнесува 1.607,7 милијарди евра, се наведува во соопштението.

Покрај државниот долг, јавниот долг ги вклучува и фондовите за социјално осигурување (224,4 милијарди евра на крајот на септември), локалната самоуправа (179,2 милијарди евра) и разни агенции на централната власт (20,2 милијарди евра).

Француската влада очекува дека јавниот долг ќе достигне 95,2 проценти од БДП на крајот на 2014 и 97,1 проценти на крајот на 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП