Една година по премиерата на концептната верзија, на женевскиот саем ќе биде претставена продукциската верзија на „Alfa Romeo 4C“ со отворен покрив.
Дека се е подготвено за промоција на новиот спортски модел на „Alfа“, сведочат и фотографиите на овој модел кои се направени во Шпанија.
Црвениот и жолтиот „4C Spider“ се снимени за време на промотивното фотографирање во стара градска средина во едно место во Андалузија:
Покрај различната конструкција на покривот, „Alfa Romeo 4C Spider“ не се разликува од купе верзијата.
„Roudster“ има и малку поразлични фарови, а тврдиот покрив на купето е заменет со платнен.
Моторот остана непроменет – па „Spider“ исто така го користи четирицилндарскиот 1.75-литарски бензинец кој произведува 240 ks (177 kW) и 350 Nm максималниот вртежен момент.
Се очекува дека поради дополнителниот механизам за склопување на покривот, кабриолет верзијата ќе биде малку потешка од купето, но тоа не би требало да се рефлектира на перформансите на „Spider“, што значи дека од 0 do 100 km/h aвтомобилот би требало да стигне за 4.5 секунди со максимална брзина која изнесува 258 km/h.