26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина застана до Русија – рубљата зајакнува

Кина застана до Русија – рубљата зајакнува

big-610x330

Рубљата по објавата на Кина дека е подготвена да и даде помош на Русија ако тоа биде неопходно значително го забрза растот и го достигна нивото од почетокот на декември.

На растот на руската валута во вториот дел од тргувањето во понеделникот влијаеше и скокот на цената на нафтата, периодот за плаќање на данок во земјата и поддршката од регулаторните ограни, пренесува Тасс.

Рубљата на средината на тргувањето порасна во однос на доларот за 3,8 рубљи и достигна вредност од 54,75 рубљи за еден долар. Во однос на еврото таа зајакна за 5,21 рубљи до вредност од 67,25 рубљи за евро.

Аналитичарите, сепак, укажаа дека зголемувањето може да биде краткорочно, и дека среднорочните перспективи на рубљата и понатака се прилично негативни.

Откако Централната банка на Русија ја заостри кредитно-монетарната политика и донесе низа мерки за подршка на стабилноста на рускиот финансиски сектор во услови на нестабилност на девизните пазари, учесниците на финансиските пазари на кратко здивнаа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП