27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHyundai добива засилување од BMW

Hyundai добива засилување од BMW

m zasiluvanje

Досегашниот главен инженер на „М“ одделението на „BMW“, Алберт Биерман (57), ќе му помогне на „Hyundai“ во развојот на модели со високи перформанси, соопшти корејскиот производител.

Биерман своето драгоцено искуство ќе започне да го пренесува на колегите во „Hyundai“ од април, кога официјално ќе ја заземе позицијата извршен потпретседател на компанијата.

Петер Шријер го подобри дизајнот на автомобилите од марките „Hyundai“ и „Kia“, a наскоро уште еден германски експерт ќе се обиде да го подигне нивото на јужнокорејската автомобилска индустрија.

Компанијата „Hyundai“ го ангажираше долгогодишниот инжинер на „BMW“ со цел да се доближи до европските премиум производители.

Биерман пред се ќе биде задолжен за развојот на спортските модели и подобрувањето на суспензијата, управувањето, безбедноста, сигурноста и намалувањето на бучавата и вибрациите. Покрај тоа, тој ќе биде советник за стратегијата на компанијата, кога станува збор за настапот на европскиот пазар.

„Hyundai“ и „Kia“ сакаат да го засилат своето присуство во Европа, затоа што на домашниот пазар, кои им носи најмногу приходи, се повеќе е загрозен од странските конкуренти.

Алберт Биерман заминува од „BMW“ по поминати повеќе од 30 години во оваа германска компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП