25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКако ќе се промени Facebook во 2015-та година

Како ќе се промени Facebook во 2015-та година

A smartphone user shows the Facebook application on his phone in Zenica, in this photo illustration

„Facebook“ продолжува со својот развој и се уште има многу елементи на кои треба да се прилагоди.

Онлајн изданието „Mashable“ прогнозира какви ќе бидат најголемите и видливи промени во социјалната мрежа во следната година врз основа на досегашните нејзините планови и активности.

Според нив следната година ќе е главно за експерименти и нови случувања. Компанијата ќе одвои повеќе време во градењето на основите за долгорочна иднина, отколку да развива само и единствено мобилни апликации и социјалната мрежа.

Една од најголемите промени може да биде „четот“ и размената на пораки. Иако претходно оваа година „Facebook“ го купи „WhatsApp“ за околу 19 милијарди долари, ниту социјалната мрежа, ниту апликацијата за разговор имаат корист од овој факт, а нивниот главен конкурент „Snapchat“ продолжува да ја зголемува популарноста. Истовремено, „Facebook“ не го крие својот интерес во овој сегмент, па може да се очекуваат уште обиди од социјалната мрежа во оваа сфера.

Виртуелната реалност е другата технологија која „Facebook“ активно ја поддржува. Компанијата ја купи „Oculus VR“ за 2 милијарди долари токму со цел да стане еден од лидерите во оваа сфера. Во октомври Марк Цукерберг најави дека на секој 10-15 години ќе доаѓа нова голема платформа и тој и неговата компанија ќе очекуваат тоа да е од виртуелната реалност. Веројатно нема да има потреба да се чека толку многу време и веќе следната година ќе ги видиме првите концептуални случувања во оваа насока од страна на „Facebook“.

Компанијата на Цукерберг вложува и доста напори во развојот на технологии со кои ќе обезбедат пристап до интернет за оддалечените области. Еден од нив е преку дрони. „Facebook Connectivity Lab“ очекува следната година да ги почне првите тестови со такви дронови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП