КАРИЕРА

Бизнис електронската пошта проверувајте ја максимум три пати дневно

18hllmbnm60qzjpg

Луѓето кои постојано ја проверуваат бизнис електронската пошта почесто страдаат од несоница и главоболка.

Благодарение на технолошкиот напредок зголемено е нивото на стресот и напнатоста меѓу луѓето. Имено, денес на претпоставените сме им достапни 24 часа во денот бидејќи мејловите пристигнуваат и на мобилниот телефон.

Оние совесни работници, кои службениот мејл го проверуваат надвор од работното време, па и за вкендот, имено, почесто страдаат од несоница, главоболка, замор, анксиозност и проблеми со желудникот, покажа истражувањето.

На менталното здравје му штети и ако во страв да не пропуштите нешто важно, секој час го проверувате вашето дојдовно сандаче и веднаш одговарате на секој мејл.

Деловните мејлови и повици го загрозуваат семејниот живот. Ако успеете да му одолеете на тој предизвик и ја проверите поштата само три пати на ден, нивото на стрес значително ќе се намали, тврдат истражувачите од Универзитетот British Columbia.