19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталијанскиот буџет по диктат на ЕУ

Италијанскиот буџет по диктат на ЕУ

italija(1)4455652232

Италија го усвои буџетот за 2015 година, откако ЕУ го принуди премиерот Матео Ренци да го преработи текстот за буџетот поради запирање на буџетскиот дефицит.

Најновиот буџет предвидува посебни бенефити за поединци со ниски приходи, како и намалување на даноците за претпријатијата со цел поттикнување на отворањето на нови работни места во Италија.

Со буџетот за 2015 година, исто така е предвидено и намалување на буџетскиот дефицит за 0,3 проценти поени од овогодинешните прогнозирани три проценти од БДП, бидејќи претходниот нацрт-буџет, со кој беше планирано намалување на дефицитот од 0,1 процентен поен, наиде на остри критики од ЕУ.

ЕУ потоа го повика официјален Рим да направи повеке во однос на намалувањето на дефицитот.

Според правилата на ЕУ, земјите членки мораат да го држат дефицитот под границата од три проценти од БДП, или во спротивно ќе бидат соочени со казна.

Како што потсетува француската агенција, Италија трета година по ред е во рецесија, со рекордна стапка на невработеност од 13,2 проценти во ноември, додека невработеноста меѓу младите изнесува неверојатни 43 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП