7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРоснефт отплати 7 милијарди долари кредити

Роснефт отплати 7 милијарди долари кредити

The Kremlin is reflected in the polished

Рускиот нафтен гигант „Роснефт“ планирано отплати седум милјарди долари кредит земен за купување на руско-британската компанија TNK-PB.

На тој начин, соопшти „Роснефт“, вкупната сума од долгот кој компанијата го отплатила во 2014 година достигна 24 милијарди долари и е целосно во согласност со кредитните договори, пренеусва Тасс.

„Компанијата поради сервисирање на своите обврски не мора да излегува на девизниот пазар бидејќи остварува доволно девизни приходи. Остатокот од средствата ги реализира на пазарот. На тој начин, компанијата има позитивно влијание на домашниот девизен пазар. Бараните средства од Фондот за национална благосостојба, ако бидат добиени, можат да бидат насочени кон реализација на проекти од стратешко значење за развој на регионот Русија“, се цитира во соопштението на директорот на „Роснефт“, Игор Сечин.

„Роснефт“ во октомври 2012 година ја купи нафтената компанија „TNK-BP“ и така стана најголемата компанија во светот по експлоатација на нафта.

„TNK-BP“ беше заедничка компанија на „British Petroleum“ и конзорциумот на руски олигарси „AAR“. Бидејќи по пет години не успеа да ги реши недоразбирањата со партнерите од „AAR“, британската нафтена компанија ја продаде својата половина во „TNK-BP“ на „Роснефт“ за 17,1 милијарди долари , а на истиот чекор се одлучија и руските олигарси од „AAR“ кои својата половина во „TNK-BP“ ја продадоа за 28 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП