30 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекордни 62 милиони странски туристи во Шпанија

Рекордни 62 милиони странски туристи во Шпанија

Tourists Flock Barcelona Spain Inches Towards 31qfoVlR2Kxl

Шпанија во текот на 11 месеци од оваа година угостила 61,7 милиони странски туристи, со што е надминат минатогодишниот рекорд од 60,6 милиони туристи, соопштија од шпанското Министерство за туризам.

Овие податоци покажуваат дека бројот на туристи е зголемен за 7,2 проценти во однос на истиот период минатата година.

Меѓу најбројните странски туристи биле Британците, пренесува агенцијата АФП.

Шпанија во текот на оваа година ја посетиле 14,39 милиони Британци, десет милиони Французи и 9,95 милиони Германци.

Министерството наведува дека 4,69 милиони туристи биле од нордиските држави и 3,5 милиони Италијанци биле во посета на Шпанија.

Меѓутоа, бројот на руски туристи е помал поради падот на рубљата, така што е регистрирано намалување од 9,7 проценти, односно 1,38 милиони Руси ја посетиле Шпанија.

Туризмот е една од главните економски гранки на Шпанија во која стапката на невработеност е 24 проценти. Овој сектор во 2012 година претставувал 10,9 проценти од бруто националниот доход.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП