19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРијад: Заблудите и шпекулациите ја „урнаа“ цената на нафтата

Ријад: Заблудите и шпекулациите ја „урнаа“ цената на нафтата

oil

Падот на цената на нафтата на светските берзи е последица на ширењето заблуди и шпекулации и за тоа не сносат одговорност членките на ОПЕК, изјави денеска министерот за нафта на Саудиска Арабија, Алил ел Наими.

Како што јави Би-Би-Си, Наими ги отфрли како неосновани тврдењата дека поевтинувањето на нафатата е резултат на „судиски заговор“ за уривање на цените на енргенсот од политички мотиви.

Ваквата изјава на Наими уледи по одлуката на членките на Организацијата на државите извознички на нафта (ОПЕК) да не го намалуваат дневното производство на енегренсот, што беше предлагано како една од мерките за запирање на падот на неговите цени.

Наими нагласи дека Саудиска Арабија нема намера да ги намалува квотите за дневно производство на нафта, додавајќи дека ако производителите на енергенсот што не се членки на ОПЕК сакаат да преземат таков чекор, можат тоа „слободно да го направат“.

ОПЕК уште во ноември најави дека нема намера да ја намалува дневната квота за производство на нафата од сегашните 30 милиони барели, нагласувајќи дека ќе остави цената на „црното злато“ да се избалансира според пазарните услови.

Саудиска Арабија, која е најголем светски производител на нафта, досега честопати ги менуваше дневните квоти на нафтено произвиодство со што влијаеше на цената на енергенсот на берзите.

Меѓутоа, одлуката на Ријад да не преземе никакви мерки и покрај драстичниот пад на цените на нафтата, поттикна теории на заговор дека со тоа саудиските власти сакаат да го поткопаат развојниот бум во американската индустрија за производство на гас од шкрилци, како и да ги намалат профитите од „црното злато“ на Русија и Иран.

Наими меѓутоа тврди дека политиката нема никкаво влијание во одлуките на неговта земја во однос на нафтата, нагласувајќи дека ни тој не е среќен поради падот на цените на енергенсот.

– Сегашните цени не ги охрабруваат инвестициите во енегретиката, но го стимулираат глобалниот економски раст, што на крајот ќе доведе до зголемување на глобалната побарувачка (на енергенси) и ќе го успори растот на (енергетските) залихи, потенцира Наими.

Би-Би-Си оценува дека во сегашни услови побарувачката на нафта од членките на ОПЕК ќе се намали во текот на следната година, додека од друга страна ќе дојде до бум на американската индустрија за прозводство на гас од шкрилци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП