26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСБ додели кредит од 378 милиони долари на Украина за развој на...

СБ додели кредит од 378 милиони долари на Украина за развој на електроенергетика

svetska_banka

Одборот на директори на Светска банка донесе одлука за доделување на кредит на Украина во вредност од 378,4 милиони долари за развој на електроенергетиката, пренесува ТАСС.

Средствата ќе бидат искористени за зголемување на безбедноста на електродистрибутивниот систем и модернизирање на пазарот на електрична енергија.

Проектот ќе помогне за обнова на националната електродистрибутивна мрежа и за зголемување на енергетската безбедност на Украина, изјави регионалниот директор на СБ за Белорусија, Молдавија и Украина, Чимао Фан.

Кредитот е дел од вкупниот пакет на Светска банка за Украина во висина од 3,5 милијарди долари, договорен во март годинава. Досега од овој пакет се доделени 2,5 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП