8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРекорд од над 60 милиони повлечени автомобили во САД за 1 година

Рекорд од над 60 милиони повлечени автомобили во САД за 1 година

defekt

Бројот на повлечени автомобили во САД за прв пат во историјата надмина 60 милиони во рамките на една година.

Ова главно се должи на стремежот за спречување на уште смртни случаи како последица на дефектните стартери на „General Motors Co.“ и воздушни перничиња на „Takata Corp“. Бројот на повлечените 60.5 милиони автомобили е речиси два пати поголем во споредба со претходниот годишен рекорд од 30.8 милиони, поставен во 2004-та година.

Се очекува оваа бројка уште да се зголеми, бидејќи неодамна објавените преземања од автопроизводители се уште не се евидентирани во оваа статистика. Во одреден период бројот на повлекување од пазарот на автомобили може да се задржи над просечното ниво во историски план.

Кризата со воздушните перничиња на „Takata“ продолжува да се шири, а откако првично реагира бавно на дефектот на стартерите на „GM“, американското регулаторно тело врши притисок врз компаниите да ги повлечат побрзо автомобилите кога има податоци за дефект, па затоа и се закануваат со сериозни казни.

Лавината од повлекувањата на возила, не ги спречи купувачите ниту оваа година. Продажбата на автомобили во САД се зголеми за 5.4% до ноември, според податоците на „Autodata Corp“. и „чекори“ кон највисокото ниво од 2006-та година.

Само „GM“ повлече речиси 27 милиони автомобили во САД во оваа година, што е рекорд.

Неисправни стартери во малите автомобили на „GM“ се поврзани со најмалку 42 смртни случаи и 58 повреди. „Honda Motor Co.“ повлече 5.4 милиони автомобили за замена на дефектните воздушни перничиња на „Takata“. Со експлозија на перничињата на „Takata“ се поврзуваат најмалку 4 смртни случаи во САД и над 100 повредени.

Од „GM“ најавија дека промената на неисправните стартери ги чинела околу 2.7 милијарди долари во првите 9 месеци од годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП