7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРубљата го намали капиталот на Raiffeisen Bank

Рубљата го намали капиталот на Raiffeisen Bank

raifffn3408yh4

Падот на вредноста на валутите, главно руската рубља, ја намали досега во оваа година стапката на адекватност на капиталот на австриската „Raiffeisen Bank International – RBI“ за еден процентен поен, изјави директорот на одделот за проценка на ризик на банката Јохан Штробл.

„RBI“ на крајот на септември имаше стапка на адекватност според построгите критериуми Базел III од 10,2 проценти.

Пред новинарите Штробл изјави дека е изненаден од степенот на пад на рубљата, истакнувајќи дека филијалите во Русија сепак добро се држат.

Русија е најпрофитабилниот одделен пазар на оваа австриска банка.

Клиентите на „RBI“ меѓу граѓаните досега уредно ги отплаќале кредитите, а Штробл истакнува дека сега клучно прашање е дали инфлацијата брзо ќе се прелее во повисоки плати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП