29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНови трендови за вработување

Нови трендови за вработување

trendovi1

Може да се каже дека развојот на информатичката технологија денес влијае на сите сфери на животот и бизнисот. Интернетот има огромно влијание врз секторот за човечки ресурси.

Најголемо влијание се приметува во менување на начинот на огласување на слободните работни места, како и начинот на регрутирање на потенцијалните кандидати. Класичните методи на огласи за вработување во печатените медиуми веќе долго време се заменети со огласувањето на интернет сајтови, како и на најновите методи на огласување и регрутирање – преку социјалните мрежи на интернет.

Социјалните мрежи како нова форма на интерактивна комуникација се користат во областа на човечките ресурси, како од страна на работодавците односно специјалистите за вработување, така и од страна на вработените и потенцијалните кандидати, на кои често токму оваа алатка може да им помогне да најдат работа.

Најпопуларни социјални мрежи на кои специјалистите за вработување почнаа да регрутираат кандидати се:

Facebook

Twitter

LinkedIn

 

Регрутирање на кадар преку социјални мрежи

Вработувањето преку социјални мрежи има неколку предности, од кои најважни се:

Брендирање на работодавачот

Привлекување на голем број на луѓе

Јасна порака до саканата целна група

Проширување на базата од кандидати

Способноста да се комуницира со пасивни кандидати

 

Социјалните мрежи на луѓето кои се одговорни за регрутирање на нови вработени им овозможуваат да се поврзат со многу луѓе (потенцијални кандидати) и да создадат мрежа на нови таленти. Исто така, социјалните мрежи им овозможуваат квалитетен бенчмаркинг (ширење на најдобрите практики). Со оглед на тоа дека луѓето може да постават безброј   прашања на интернет и да добијат одговор од вработените на компанијата, без да чека за телефонски повик, социјалните мрежи овозможуваат побрз проток на информации од било кој друг медиум.

Луѓе кои не на пазарот на работна сила, кои не ги следат огласите за работа, таканаречените пасивни кандидати, може да бидат успешно идентификувани и ангажирани на овој начин.

Ravindran, извршниот директор на SHRM (друштво за човечки ресурси) во Индија, изјавил дека социјалните мрежи се метод на комуникација што дури и тој самиот не ја разбира најдобро, но дека ја чувствува моќта на социјалните мрежи како што не ја почуствувал во последните 30 години од неговата кариера.

“Социјалните мрежи ќе ја променат работната средина и прашањето не е дали сме подготвени, туку ние треба да разбереме и да им објасниме на другите дека е возможно да го искористат полниот потенцијал на можностите за бизнис на социјалните мрежи”, вели Ravindan во својот говор за важноста на социјалните човечки ресурси.

Специјалистите за вработување на социјалните мрежи ви овозможуваат да се поврзат со HR менаџерите во светот и да го споделуваат своето знаење. Насекаде во светот, а се повеќе и во нашата земја, повеќето работодавци истражуваат канали на социјалните мрежи, ги интегрираат во стратегијата на вработување и ги користат како средство за можно проширување на обемот на пребарување за нови кандидати и проценки пред да ја донесат конечната одлука.

 

Социјалните мрежи се вообичаени во секој дом

Денес се подразбира дека социјалните мрежи се составен дел на комуникацијата и вообичаени се во секој дом. Но, многу професионалци се уште се противат на отворањето на свои профили на социјалните мрежи. Во секој случај, нивните професионални избори не треба да бидат пречка за организацијата.

Професионалците кои работат во областа на човечки ресурси треба да бидат активно вклучени во социјалните мрежи. Дури и ако не се заинтересирани да ги користат социјалните мрежи во нивните приватни животи, важно е да знаат како да ги користат социјалните мрежи за корпоративни цели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП