2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Хрватска раст на платите и пензиите, поскапување на становите

Во Хрватска раст на платите и пензиите, поскапување на становите

hrvatska11

Во Хрватска од Новата година ќе стапат на сила измените на Законот за данок на доход, поради кои и платите и пензиите би требало да бидат зголемени за околу милион граѓани, додека данокот на додадена вредност (ДДВ) ќе се плаќа и за градежното земјиште, што би можело да доведе до поскапување на становите.

Од Нова година се воведува и оданочување на каматите на штедење за 12 проценти, а со измената на Законот за ДДВ се намалува и стапката за сите лекови кои се издаваат на рецепт, тоа ќе доведе до нивно поевтинување, пренесуваат хрватските медиуми.

Минималните плати повеќе нема да бидат оданочувани, а просечната нето плата од околу 715 евра ќе биде зголемена за 18, додека платите од 911 евра ќе бидат зголемени за 29 евра.

Ќе биде укината одлука за неоданочување на 97 евра добивка од игрите на среќа, па и на една освоена куна ќе се плаќа 10 проценти данок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП