19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците очекуваа падот да биде помал

Германците очекуваа падот да биде помал

padekonomski

Цените на увозните производи во Германија во ноември опаднаа на месечно ниво за 0,8 проценти, повеќе отколку што се очекуваше.

Во октомври беше забележано нивно намалување од 0,3 проценти, соопшти Федералниот завод за статиска.

Во однос на ноември 2013 година, цените на увезената стока се пониски за 2,1 проценти, додека во октомври на годишно ниво биле пониски за 1,2 проценти, пренесува Ројтерс.

Аналитичарите во ноември во просек очекуваа пад од 0,5 проценти во однос на октомври и пад од 1,8 проценти во споредба со ноември минатата година.

Во соопштението на статистичкиот завод се додава дека, кога ќе се исклучи секторот за енергија, произлегува дека цените на увезените производи на германскиот пазар пораснале за 0,1 проценти на месечно, колку и на годишно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП