26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГруевски: Владата ќе го врати целиот долг кон стопанството

Груевски: Владата ќе го врати целиот долг кон стопанството

nikola-gruevski

Владата целосно го врати долгот кон стопанството по основ на поврат на ДДВ и за извршените услуги кон државните институции, информираше премиерот Никола Груевски во своето обраќање на бизнис форумот во организација на Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО) што денеска се одржа во Скопје.

– Минатата година во екот на европската должничка криза, стопанските комори укажаа дека има големи износи на средства кои не им се повратени од ДДВ и од извршените услуги кон државните институции. Владата го согледа ова прашање, направи анализа и план, и на 24 септември лично им ветив на компаниите во Македонија дека до крајот на февруари 2013 година во целост ќе го  анулираме ова прашање. Токму тоа и се случи, рече премиерот Груевски.

Денеска, нагласи, можам да информирам дека во петокот го повикав министерот за финансии да го прашам дали оваа операција е завршена.

– Тој ме информираше дека во целост се елиминирани доцнењата на плаќањата по основ на поврат на ДДВ и на услугите кон компаниите. Така што и ова прашање кое минатата година ја засегаше македонската економија е надминато онака како што ветивме, рече Груевски.

Наша цел и план е и така и ќе биде, вети, понатаму да опстоиме на овој начин и да не се создадат такви доцнења во плаќањата.

Неодамна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изјави дека до крајот на февруари ќе бидат исплатени обврските на државата кон стопанството по основ на поврат на ДДВ и исплата на договорни работи.

– Одлично оди враќањето на долгот кон стопанството. Сведено е под 10 милиони евра, што значи во изминатите пет месеци имаме исплатено над 82 милиони евра кон стопанството. Фирмите тоа го чувствуваат. Ликвидноста е подобрена и сметам дека целосно ќе го испочитуваме рокот што е даден до крајот на месецов, изјави тогаш Ставрески.

На средината на септември минатата година, кога почна акцијата на отплата, обврските по основ на поврат на ДДВ и исплата на договорни работи изнесуваа 92 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП