4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAlfa развива нов Spider без помош на Mazdа

Alfa развива нов Spider без помош на Mazdа

alfa roadster

Долгоочекуваниот „roudster“ на „Alfа“ нема да биде базиран на платформата на новата „Mazdа MX-5“, како што претходно беше најавено, а ова го потврди еден од челниците на „FIAT“.

Излезе дека гласините кои се појавија во април дека се вистинити и дека „Alfa Romeo“ самостојно ќе продолжи со работа на новиот „Spider“.

„Mazda“ и „FIAT“ најавија уште во 2012-та соработка на производство на два идентични спортски модели со отворен покрив, кои ќе се произведуваат под ознаките на марките „Alfa Romeo“ и „Mazda“.

Првично беше планирано двата автомобили да се изработуваат во Јапонија, а секој од производителите во својот модел да вгради своја погонска единица.

Во меѓувреме, „Mazda“ го претстави „MX-5“, a од „FIAT“ притигна потврда дека италијанскиот производител ќе продолжи самостално да работи на својот модел.

„Бидејќи „Alfa Romeo Spider“ нема да ја користи основата на „Mazdа“, туку нашата нова платформа „Giorgio“ со заден погон“, изјави за магазинот „CAR“, Харалд Вестер, кој во компанијата „FIAT Chrysler Automobiles“ (FCA) е задолжен за марките „Alfa Romeo“ и „Maserati“.

Проектот „Giorgio“ се однесува на новата генерација на модели на „Alfа“ со заден погон, меѓу кои е и наследникот на „159“, а новата платформа поддржува и погон на сите 4 тркала.

„FCA“ би можел да го искористи знаењето на инженерите на „Mazdа“. Неофицијално е најавено дека наместо „Alfа“, платформата на „Mazdа“ би можело да ја употреби „Abarth“ за сопствениот нов „roudster“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП