1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПекинг верува во силата на Русија

Пекинг верува во силата на Русија

kina-rusija

Кинескиот министер за надворешни работи Ван Ји верува дека Русија ќе успее да ги преброди сегашните економски проблеми. Тој порача дека Кина е подготвена да понуди секаков вид на помош.

Ван Ју во интервјуто за тв каналот Фенганг изјави дека верува дека Русија има можност и знаење да ги надмине моменталните проблеми во економијата.

„Кинеско-руските односи и стратешкото партнерство се на високо ниво и ние секогаш ги подржуваме и им помагаме на нашите пријатели. Ако на руската страна и биде потребно, ќе понудиме секаков вид на помош“, изјави кинескиот министер, пренесува агенцијата Тас.

Кинескиот министер за трговија Гао Хученг за истиот тв канал ја кометираше ситуацијата со рубљата.

„Што се однесува до одредените флуктуации на берзата и флуктуацијата на валутниот пазар, тие се можеби во интерес на некои капитални инвеститори, а од гледна точка на практичната соработката, ние остануваме и активно ја зајакнуваме нашата соработка“, изјави Гао.

Тој исто така изрази уверување дека моменталната финансиска и економска ситуација во Русија нема да влијае на спроведувањето на главните руско-кинески проекти во енергетиката, индустријата и другите сфери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП