4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСони Пикчрс „заглави“ во 1992 година

Сони Пикчрс „заглави“ во 1992 година

sony-hack

Поради неодамнешниот хакерски напад компјутерскиот систем на компанијата Сони Пикчрс се уште е надвор од функција, а според еден од вработените компанијата е „заглавена“ во 1992 година без Интернет и модерна технологија.

– Електронската пошта тешко функционира, немаме гласовна пошта, поради што луѓето директно разговараат едни со други, а некои дури и испраќаат факсови. Ги враќаат старите машини за пишување, изгледа лудо, изјави анонимна вработена во компанијата за ТечКранч.

Компанијата не препорачува употреба на Андроид телефони и таблети, бидејќи стравува од дополнителна кражба на податоци, а ги советува вработените како замена да организираат состаноци.

Единствено нешто што функционира во целата компанија се Мек компјутерите и приватните АјФон уреди на вработените, и со нив се снаоѓаат како знаат во атмосфера од 90-тите да извршат работни обврски од денешницата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП