Веќе со децении „Corvette“ е еден од спортските автомобили, кои им даваат на своите сопственици најдобра вредност за парите.
Со најновата генерација, „Chevrolet“ се надева да се ослободи од стигмата за сопствениците на овие автомобили, а моделот „Corvette Z06“ од 2015-та година може да ја заврши токму оваа работа, пишува „Business Insider“.
Познатата силуета на „Corvette“ се уште е присутна, но моделот личи по формата на егзотични спортски автомобил, отколку на американски автомобил. Подеднакво важни се и подобрените карактеристики на возилото.
„Z06“ ќе забрзува од 0 до 100 км/ч за помалку од 3 секунди. Тоа значи дека тој ќе може да се натпреварува со автомобили како „Ferrari 458 Italia“, „Porsche 911 GT3“ и „McLaren 650S“, кои чинат речиси два пати, а во некои случаи и три пати повеќе.
Цената на „Z06“опремен со 8-степен автоматски менувач е 80.000 долари. Тоа е импресивен подвиг за автомобил со традиционален 6.2-литарски мотор со максимална моќност од 650 коњски сили.