ПочетнаКОМПАНИИСрбија го подновува железничкиот сообраќај

Србија го подновува железничкиот сообраќај

srbija-vozovi

Српските железници утре ќе склучат договор со швајцарската фирма „Штадлер Буснанг“ за набавка на 21 нови патнички возови во вкупна вредност од 99 милиони евра.

Како што јави Танјуг, новите возови ќе бидат купени со кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), доделен во рамките на проектот за модернизација на железничката инфраструктура во Србија.

Според најавите, швајцарските возови главно ќе ги користат на линии во домашниот железничи сообраќај.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП