24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Етнос“: Во 2015. Грција ќе треба да враќа 22,5 милијарди евра долг...

„Етнос“: Во 2015. Грција ќе треба да враќа 22,5 милијарди евра долг кон ЕУ и ММФ

evro3

Грција следната година ќе треба да го отплати долгот во износ од 22,5 милијарди евра кон Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, пишува грчкиот весник „Етнос“.

Весникот коментира дека без разлика кој ќе биде на власт во Грција во 2015 година, тој ќе биде соочен со голем финансиски тест.

Следното лето за Грција ќе биде вистински кошмар, со оглед на тоа што во период од три месеци, јуни, јули и август, која влада и да дојде на власт, ќе треба да го враќа долгот кон кредиторите. А само за тие три месеци вредноста на задолжувањата е 11,5 милијарди евра. Од каде ќе ги најде тие пари?, прашува весникот.

„Етнос“ објави дека доколку во Грција бидат одржани предвремени парламентарни избори во февруари и Алексис Ципрас стане премиер, уште со самото доаѓање на власт неговата влада ќе треба да плати 2,1 милијарда евра на ММФ и 1.9 милијарди за камати, односно вкупно четири милијарди евра.

Следуват уште плаќања, при што вкупната сума на задолжувања, ќе достигне 22,5 милијарди евра, додава „Етос“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП