10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ ја блокираше траншата за Кипар

ММФ ја блокираше траншата за Кипар

kipar3

Меѓународниот монетарен фонд ја блокираше исплатата на 88 милиони евра вонредна транша од кредитот за Кипар.

Исплатата е блокирана откако парламентот во Никозија го одложи гласањето за законите кои ги бараат кредиторите на оваа земја.

Траншата е дел од пакетот помош вреден 10 милијарди евра, кој Kипар минатата година беше принуден да го побара за да избегне банкрот, пренесува агенцијата Франс прес.

Тројката кредитори, ММФ, Европската централна банка и Европската комисија, веќе уплатија неколку транши за Кипар, кој во замена за средствата се согласи со строгата програма за штедење.

Законодавците, сепак, ја одложија дебатата за низата закони за крајот на јануари, што го поттикна ММФ да ја замрзне исплатата на својот дел од траншата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП