3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска ќе банкротира во 2016?

Хрватска ќе банкротира во 2016?

HNB-bi-morala-sprijeciti-bijeg-kapitala-iz-Hrvatske_ca_large-518x330

На Хрватска и се заканува банкрот ако не преземе клучни реформи и ако не спроведе намалувања во буџетските расходи, наведуваат економските портали.

Само ниските камати на светскиот пазар и помагаат на Хрватска економски да се одржува, сметаат економистите.

Повеќето економски аналитичари предупредуваат дека, штом цената на парите од странство ќе започне да расте, на Хрватска и се заканува економски колапс.

Според податоците на „Дојче банк“ во проценките за потенцијалниот ризик од банкрот, Хрватска се наоѓа на високото пето место, додека на првото е Венецуела.

Повеќето економски аналитичари проценуваат дека во 2015 година ќе се задржат ниските каматни стапки на светскиот пазар, поради продолжувањето на експанзивната монетарна политика на централните банки.

Додека ситуацијата е таква, Хрватска ќе има пристап до евтините пари. Меѓутоа, веќе во 2016 година тоа би можело да биде фатално за државните финансии на Хрватска.

Според мислењето на економските аналитичари, ако не се преземат сериозни намалувања во буџетските расходи, до колапс ќе дојде за две до три години.

Економистите наведуваат дека „точката без поврат“ е моментот кога уделот на каматата во буџетските расходи ќе достигне десет проценти.

Во моментов во Хрватска тој удел се движи околу седум проценти со тенденции за раст. Ако се искачи на двоцифрено ниво, странските инвеститори ќе ја затворат славината – предупредуваат економистите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП