3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВенецуела на работ на банкрот

Венецуела на работ на банкрот

6a080a426bf1709805f403de0d3cb0f0_article

Американската агенција за кредитен рејтинг „Fitch“ го намали кредитниот рејтинг на Венецуела за три степени на „CCC“, со објаснување дека оваа „економски слаба“ и од извозот на нафтата зависна земја, е изложена на ризик од банкрот поради падот на глобалните цени на нафтата.

Во соопштението на „Fitch“ се наведува дека Венецуела „има долга историја за сервисирање на долгот во периоди на висока политичка и финансиска криза, недоволно силна политика да одговори на надворешните притисоци и макроекономската нерамнотежа, како и тоа дека е соочена со актуелниот пад на меѓународните цени на нафатата со што е ослабен материјалниот капацитет на Венецуела за сервисирање на долгот“, пренесува агенцијата Франс прес.

Падот на цените на нафтата од 50 проценти во изминатата половина година особено ги погоди членките на Организацијата на земји извозници на нафта (ОПЕК), при што, како што проценува „Fitch“, економијата на Венецуела во оваа година забави за четири проценти.

Бидејќи целокупниот девизен прилив на Венецуела доаѓа од извозот на нафта, „Fitch“ ја предупреди оваа латиноамериканска држава за релативно ниското ниво на меѓународните резерви од 21,4 милијарди долари, како и фактот дека во иднина би можела да се соочи со проблеми, бидејќи 72 проценти од резервите ги држи во злато.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП