3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрпеливо со зголемувањето на каматната стапка

Трпеливо со зголемувањето на каматната стапка

fedcwef03hf083htgf3hnfg

Американската Управа на федералните резерви (ФЕД) ќе ја задржи досегашната монетарна политика, наведувајќи дека ќе биде трпелива и ќе го почека соодветниот момент за зголемување на каматните стапки.

ФЕД, по завршувањето на дводневниот состанок, порача дека каматнте стапки ќе започнат да растат дури од средината на 2015 година, отфрлајќи ја пазарната шпекулација дека тоа би можело да се случи и порано во рамките на зајакнувањето на американската економија, пренесува агенцијата Франс прес.

Централната банка ја задржа каматната стапка меѓу нула и 0,25 проценти, колку што изнесува веќе шест години како вид на подршка за закрепнувањето на американската економија од длабоката рецесија. ФЕД верува дека невработеноста наредната година ќе се намали на 5,2 проценти, додека инфлацијата ќе остане меѓу 1,0 и 1,6 проценти. Економскиот раст во 2015 година би требало да забрза на 2,6 проценти до 3,0 проценти, по растот од 2,3 до 2,4 проценти од оваа година.

Федералниот комитет за отворени пазари порача дека ќе биде трпелив со зголемувањето на каматните стапки до средината на 2015 година.

„Вработеноста расте со здраво темпо, а економијата зајакнува. Сепак, има уште доста место за напредок“, изјави шефицата на ФЕД, Џенет Јелен, додавајќи дека драматичниот пад на цената на нафтата е добар за економијата на САД, која е увозник на нафта, бидејќи на купувачите им остануваат повеќе долари, со што се поттикнува домашната потрошувачка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП