3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛидерите од ЕУ го одобрија планот за инвестиции

Лидерите од ЕУ го одобрија планот за инвестиции

donald

Лидерите на земјите од Европската унија ја одобрија новата инвестициска програма за стимулирање на економскиот раст.

– Договоривме три работи: прво, повикуваме на итно формирање европски фонд за стратешки инвестиции, второ, обновен ангажман за интензивирање на структурните реформи и трето, продолжување на напорите за гарантирање здрави јавни финансии, соопшти претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во видео-порака. Трите заедно ја формираат нашата стратегија за забрзување на обновата, дополни Туск.

Тој уште на Твитер соопшти дека средбата завршила половина ден порано и оти нема утре да има средба како што беше планирано, а наместо тоа ќе ја завршат седницата по дискусијата за време на вечерата за Русија и Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП