27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоловина од младите Грци без работа и надеж

Половина од младите Грци без работа и надеж

greek-unemployment-line

Стапката на невработеност во Грција во третиот квартал е намалена на 25,5 проценти од 26,6 проценти во претходниот квартал, покажуваат податоците на грчкиот завод за статистика.

Најновите податоци покажуваат дека меѓу 11 милиони жители на Грција 1,2 се без работа, пренесува агенцијата АП, и додава дека во четвртиот квартал од 2013 година, невработеноста изнесувала 27,8 проценти.

Меѓу невработените лица најмногу се млади, па така стапката на невработеност меѓу лицата на возраст од 15 до 24 години достигна 49,5 проценти.

Грција од 2010 година се потпира на спасувачките пакети на другите европски земји и меѓународниот монетарен фонд (ММФ), а претходно оваа година официјална Атина успеа да излезе од шестгодишната рецесија.

Пред појавата на глобалната финансиска криза, стапката на невработеност во Грција во вториот и третиот квартал од 2008 година изнесуваше само 7,3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП