29 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМилионска казна за Avon за подмитување во Кина

Милионска казна за Avon за подмитување во Кина

avon-miris-logo-getty-main

Козметичката компанија „Avon“ ќе плати казна од 135 милиони долари поради подмитување во Кина во износ од осум милиони.

Американската комисија за хартии од вредност (SEC) и изрече казна на козметичката компанија „Avon“ од 135 милиони долари поради давање мито и подароци на кинеските службеници.

Кинеската подружница на „Avon“ исплатила осум милиони долари меѓу 2004 и 2008 година со цел да добие лиценца за директна продажба, соопшти SEC.

Исплатата вклучувала и авионски билети за службениците и скапи подароци од познатите брендови како што се Louis Vuitton, Gucci и Tiffany.

Тие исплати лажно се забележани како деловни трошоци на вработени, како надокнада за добавувачите или се забележани без наведување на речиси никакви детали.

Според американскиот Закон за корупција во странство, на компаниите им е забрането да им плаќаат пари или да им даваат вредни предмети на службениците за добивање или задржување на работата.

Кина ја забрани директната продажба во 1998 година, но подоцна одлучи да ја укине забраната.

„Avon“ беше првата компанија кoја доби дозвола за директна продажба во 2006 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП