22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоловина милион евра од ЕУ за побезбеден сообраќај во ЈИЕ

Половина милион евра од ЕУ за побезбеден сообраќај во ЈИЕ

U

Специјализирани организации за патен транспорт и професионална обука од девет држави од регионот на Југоисточна Европа, меѓу кои и од Македонија, со помош на Европската унија ќе ги подобруваат квалификациите на професионалните возачи и системите за обука.

Девет партнери од секторот за професионална обука, Македонија, Белгија, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Франција и Косово* (Резолуција на ОН) ги здружија ресурсите за да развијат програма за обука за возачите и инструкторите во регионот со околу 500.000 евра обезбедени од страна на Европската Комисија, соопшти денеска СИЗ „Македонија сообраќај“ АМЕРИТ, македонската организација вклучена во проектот.

Зголемувањето на безбедноста на патиштата преку подобрување на системот за едукација на возачите е основа на новата „SEED” мултинационална иницијатива за обука започната во Југоисточна Европа. Кофинансирана од програмата „Erasmus+” на Европската комисија, оваа иницијатива ја потврдува важноста на почетната и периодичната професионална едукација во секторот за патен транспорт, соопшти денеска СИЗ „Македонија сообраќај“ АМЕРИТ, учесник во проектот од Македонија.

Хармонизираната квалификација на професионалните возачи во Југоисточна Европа (SEED) има цел пред се да се зголемат техничките и педагошките вештини на инструкторите кои ја вршат почетната и периодичната обука на возачите во регионот на Југоисточна Европа, каде што „Глобалниот извештај за патната безбедност во 2013” на Светската здравствена организација воочува повисока стапка на настрадани во сообраќајни несреќи во споредба со останатите региони на ЕУ.

Камионите играат клучна улога во современиот ланец на снабдување, обезбедувајќи ефикасна дистрибуција на речиси сите наши секојдневни потреби. Оттука, императив е да се обезбеди транспортната работна сила да биде 100 проценти опремена со знаења и вештини, за да се овозможат безбедни и ефикасни услуги, кои ќе бидат целосно во согласност со стандардите за квалитет на индустријата, оценува Патрик Филип, менаџер на Академијата на ИРУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП