28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРВЈУИнтервју со Дарко Спасовски, официјален застапник за брендот White Glo за Македонија...

Интервју со Дарко Спасовски, официјален застапник за брендот White Glo за Македонија и Балканот

darko-intervju-white-glo

1. Што беше пресудно да донесете одлука да ги пласирате производите White Glo на македонскиот пазар?

Еден подолг период на домашниот пазар можеше да се забележи презаситеност и едноличност на понуда на услуги за орална хигиена, очигледна беше потребата од едно освежување и воведување на сосема нови производи кои на потрошувачите ќе им понудат многу повеќе од веќе постоечниот избор. За увозот на White Glo во Македонија пресудени пред се беа квалитетот и специфичната амбалажа. Успеавме на македонскиот пазар да обезбедиме едно пакување на паста кое за многу пристојна цена на потрошувачот му носи и доста вредни подароци, како што се четката за заби и бесплатните интердентрални чепкалки кои во светот се посебно важни за одржување на добра орална хигиена на дневно ниво.

2. Може ли подетално да ни ги опишете производите, кој е производителот, палетата на производи?

Barros Laboratories Pty Ltd е основана во Австралија во 1993 година како прва компанија која ги воведе методите на белење на заби на австралијанскиот пазар преку брендот White Glo. Денес, White Glo е лидер во Австралија на пазарот за пасти за заби за белење и за многу кратко време овие производи го освоија светскиот пазар. На нашиот пазар и на балканскиот за кои сме и официјални застапници на брендот моментално имаме понуда од 15 артикли од кои 9 пасти, 2 четки за заби, медицински интердентрални чепкалки за заби, исперувачи на уста и систем за експресно белење на забите.

white-glo-1

3. По што се разликуваат производите на White Glo од останатата понуда на македонскиот пазар за орална хигиена?

Повторно ќе нагласам дека пакувањето од 150гр кое оди заедно со четка и 8 чепкалки за заби и квалитетот, се главните карактеристики на White Glo. Важно е да се напомене дека се произведуваат секако според најнова технологија и дека навистина производите даваат резултатит само 30 до 40 дена по активно користење.

4. Како реагираат домашните потрошувачи на новите производи?

Од самиот почеток се соочивме со доста позитивни критики од пазарот, што на нас само ни го потврди нашиот став дека на пазарот на орална хигиена во земјата и на Балканот му треба освежување. Денес можам слободно да кажам дека комуницираната вредност е во целост испорачана и тука и на Балканот, на пр. пастата наменета за белење на забите дава вистински резултати, а за тоа сведочи и бројот на секојдневно зголемување на бројката на нови потрошувачи.

white-glo-2

5. Кој е најбараниот производ од палетата на White Glo?

Бидејќи палетата е навистина богата и има избор за секого навистина не е благодарно да се издвои еден производ. Досега се покажа дека кај нас голем дел од потрошувачите добро ги знаат своите потреби и орални проблеми и знаат да одберат соодветни производи за нив.
White Glo нуди: Proffesional choice- паста наменета  за избелување на забите, 2 во 1- паста за заби која ги заштитува забите од кариес и содржи компонента на течност за испирање на устата, Smokers формула- паста која ги отстранува наслагите од никотин, Cofee and tea формула- паста за отстранување наслаги од кафе и чај, Anti plague- паста за заби со која се врши превенција од парадонтоза, забен камен, крварење и осетливи непца, Sensitive forte plus-  е медицинска паста за чуствителни и лесно раздразливи заби и непца, . Herbal формула – е паста за заби која е на база на природни тревки вклучувајќи  и масло од еукалиптус кој допринесува за уште посвеж здив,а во себе не содржи флуор и сода,шеќер и пероксид, night and day – 24 часовна заштита која се состои од дневна и ноќна паста за заби со мека четка гратис. Како и дополнителни производи: сет за белеење, травел пакет, четка софт, четка медиум, интердентални чепкалки и течности за испирање на устата.

6. Какви се вашите планови за 2015 година, дали постои можност за проширување на палетата на производи на македонскиот пазар?

Во 2015 не очекуваат доста новини за кои навистина се радуваме пред се бидејќи станува збор за производи кои досега не сме ги имале на македонскиот пазар и затоа веруваме дека брзо и лесно ќе го пронајдат патот до потрошувачите.

darko-intervju

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП